Home Актуелно Вухан почна изградба на болница за заразените од коронавирусот – ќе биде готова за 10 дена

Вухан почна изградба на болница за заразените од коронавирусот – ќе биде готова за 10 дена

Во кинескиот град Вухан забрзано започна изградбата на сосема нова болница со 1.000 легла, која ќе биде наменета за лекување на заболените од коронавирусот.

На фотографиите се забележуваат багери како ја порамнуваат земјата, и темелите не се готови. Но, според најавата на кинеските власти, стационарот ќе биде готов до 4 февруари.

Десетици багери и друга механизација почнаа со работа вчера навечер.

Ова не е првпат во Кина да се гради цела болница за само десетина дена. Кога во 2003 година изби епидемијата на САРС, од која починаа 774 лица, во Пекинг за една седмица беше изградена болница.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Како да се преживее секојдневниот хаос: мини водич за деновите кога сè оди наопаку (ама ние сè уште истрајуваме)

ДА ГО ПРЕЖИВЕЕШ СЕКОЈДНЕВНИОТ ХАОС: МИНИ ВОДИЧ ЗА ОНИЕ ДЕНОВИ КОГА Сѐ ОДИ ПО НАГОРНИЦА (АМ…