Home Актуелно Вучиќ: Додека сум претседател нема да има закон за истополови бракови и трет род – ја замолив и Брнабиќ да не го потпишува тоа

Вучиќ: Додека сум претседател нема да има закон за истополови бракови и трет род – ја замолив и Брнабиќ да не го потпишува тоа

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека додека е тој претседател нема да потпише закон за истополови бракови, како ни закон со кој ќе постои „некој трет род каде не сте маж или жена“.

Тој на телевизијата Пинк укажа дека тој премиерката Ана Брнабиќ ја замолил додека е претседател да не потпишува истополови бракови, како и дека „тој е виновникот“.

Додаде дека критиките на Европската Унија за тоа би требало да се однесуваат на него, а не на Брнабиќ, бидејќи, како што кажа, таа „се залага за тоа“ и тој е тој „кој не дозволува“.

Вучиќ оцени дека Србија е земја со традиционално општество, како и дека не му пречи ЛГБТ популацијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…