Пензионерите гневни на политичарите: Ние го решаваме победникот на секои избори, а вие не изневеривте


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денешниот протест на пензионерите во Скопје започна со барање оставка од претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајкова. На протестот се собраа пензионери од сите краишта на државава.

Пензионерите бараат линеарно зголемување на пензиите од 3.500 денари и бараат Владата да не ги понижува во оваа тешка економска криза.

– Овие барања се на сите пензионери од цела Македонија. Да им ги дадеме овие пензии да поживеат неколку месеци. Како не им е срам, младите си одат. Сè запустија, здравство, земјоделие за никаде. Сè уништија, а ми кажуваат статистика. Нема задоволен од неговата пензија.

Земам 12.800 денари, не се живее со тие пари. И 3.500 денари се малку, барем 5.000 денари да ни зголемат. Ноќе умирам, дење воскреснувам: не знам каде парите да ги дадам, дали за струја, за вода или за ѓубре. За луксуз, за сирење, за праска, за тие работи треба да пишам крст – порачаа пензионерите од Велес, Штип и од останатите градови.

Пензионерите не планираат да запрат се додека не им се исполнат нивните барања. На политичарите им порачаа дека нивните 300.000 гласа секогаш го одлучуваат победникот на избори

– Излеговме и допрва ќе излегуваме на протест. Го поминавме цел работен стаж во Република Македонија, а сега земаме пензија од Северна Македонија. Не сме дојдени од старост и лудост, туку од старост и гордост. Не убедуваат дека 78% е рамно на 6%. Денес протестираме за сегашноста, а ни лепат паетиски етикети. Не видов тука никој да ја покаже партиската книшка, сега сме единствени.

Бројката на пензионери е 300.000. Две третини се на работ на сиромаштија. Ние сме тие што излегуваме на избори и го решаваме победникот, а секогаш не изневеруваат. Ние сме тие што ќе ја создадеме иднината, ама не треба да бидеме понижени пред крајот на својот живот – истакнаа пензионерите од Штип.