Понеделничка временска прогноза


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец кој наместа во западните и североисточните делови повремено ќе засилува. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Од пладне ќе има локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.