„Временски патник“ тврди дека доаѓа од 2045 година и помина на детектор за лаги


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ново видео кое го објавија американските медиуми ги разбранува духовите на јавноста, особено оние посклони кон теории на заговор и други пикантни приказни поврзани со иднината на Земјата.

На видеото е снимен „временски патник“ кој тврди дека доаѓа од иднината, поточно од 2045 година, и ни носи важни информации за човештвото и планетата Земја од „блиската иднина“. За да се уверат дека ја говори вистината, типот дури и го седнале на детектор за лаги, кој тој без проблем го поминал без направата ниту еднаш да не даде знак дека човекот лаже,

Адам Архон (како што самиот се претстави) чиј лик е заматен (што дополнително фрла сенка на сета оваа приказна) го поминал детекторот за лаги, а раскажува дека е роден 2019 и дека дошол назад од 2045. Вели дека претседателка на САД тогаш ќе биде внуката на Мартин Лутер Кинг, Јоланда Рене Кинг, која ќе биде најдобрата од сите дотогашни претседатели. Деветгодишната Јоланда лани одржа говор пред илјадници демонстранти во САД .

Човекот со скриено лице вели дека во 2045 на земјата ќе стигнат вонземјани. Додека раскажува за сето тоа , детекторот за лаги покажува дека мажот ја говори вистината.

Додава и дека нашле начин како да ги клонираат диносаурусите и дека во зоолошките градини низ светот ќе има примероци од нив.