Возеше со теренецот по хотелски скали – доби казна од 368 долари


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Жена со своето SUV возило беше снимена како се симнува по скалилата од еден хотел во Ванкувер. Налет тоа што стана интернет хит и мета на мезе и потсмев на социјалните мрежи, заработи и казна од 368 долари.

Инцидентот се случил во петокот во 8 часот утрото, во Sheraton Wall Centre, кога сведоци го известиле Global News дека жена со своето возило ги поминала хотелските знаци за паркинг и се упатила надолу по скалилата кон Hornby Street.

„Нашата истражна единица го лоцираше и идентификуваше возачот, разговараше со жената и после донесените заклучоци ја казниле жената со казна од 368 долари заради небезбедно возење и негрижа за безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и пешаците“, изјавија од полицијата.