Во Турција спречено криумчарење на Библија стара 1.200 години


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во близина на турското место Дијарбекир, на северозападот од земјата, во акција за спречување на криумчарење артефакт, полициските служби откриле Библија стара 1 200 години.

Тројца осомничени се уапсени кога се обидувале да ја продадат Библијата во градот Кајапинин. Светата книга има 34 страници, испишани со злато.

Од полицијата соопштуваат дека уапсиле вкупно шестмина поврзани со криумчарење на Библијата, но без да наведат детали.