Home Актуелно Папата призна дека свештеници и бискупи сексуално злупотребувале калуѓерки

Папата призна дека свештеници и бискупи сексуално злупотребувале калуѓерки

Првиот човек на Римокатоличката црква, папата Франциск, го призна сексуалното злупотребување на калуѓерки од страна на свештеници и бискупи.

„Има свештеници и бискупи кои го правеле тоа“, рече папата во авионот на враќање од Абу Даби, одговарајќи на новинарски прашања.

Папата вели дека Ватикан веќе некое време се занимава со ова прашање.

„Суспендиравме неколку свештеници поради тоа“, вели папата, додавајќи дека „црквата не смее да ги негира тие дела“.

Тој вели дека против тоа треба да се стори повеќе и дека имаат волја да се борат.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…