Во пет тешки сета Федерер го совлада Тиафо на стартот од US Open


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Многу потешко од очекувањата , третиот фаворит на Грен слемот US Open, Рожер Федерер успеа да го совлада својот прв противник и да се пласира во следната рунда. Швајцарецот утринава беше подобар од Американецот Френсис Тиафо со 3-2, по сетови 4:6; 6:2; 6:1; 1:6 и 6:4.

За разлика од Федерер, првиот носител Рафаел Надал (Шпанија) без поголеми проблеми и со максимални 3-0 во сетови го совлада Душан Лајовиќ од Србија.

Во женска конкуренција изненадување направи Наоми Осака од Јапонија со победата над ланската шампионка Анжелик Кербер со 2-0 во сетови, а пласман понатаму обезбедија уште и Медисон Кејс, Јелена Остапенко, Каролина Плишкова, Барбара Стрицова, Јанина Викмаер и Сорана Кристеа.