Home Вебкафе Во лондонски магацин откриено вистинско автомобилско богатство (снимка)

Во лондонски магацин откриено вистинско автомобилско богатство (снимка)

London Barn Finds штотуку стави на аукција 174 класици покриени со прашина. Според компанијата, „чудна, но прекрасна колекција е пронајдена во северен Лондон“ што содржи оригинални автомобили кои датираат од 1950 -тите години и потекнуваат од некои од најценетите европски марки.

Епската приватна колекција е претставена во осумминутно видео од Јутјуберот Фреди Аткинс преку каналот TheTFJJ. Меѓу морето на заборавени автомобили, се издвојуваат неколку истакнати убавици, кои со години биле складирани и невидени, вклучувајќи го класичното Porsche 911 Convertible од 1974 година, стариот Land Rover Defender од 90 -тите години, реткиот Trimf Stag, па дури и стариот VW Camper.

London Barn Finds, исто така, составиле детална листа, во која се наведува годината, бојата, моделот, регистарскиот број, километражата, историјата на сервисите и очекуваната продажна цена на секој автомобил. Според листата, највредното откритие во складот е спортскиот автомобил МГА. Првпат претставен во 1955 година, веројатно е најубавиот кој го носел октагонот МГ. Овој модел има поминато 25.000 милји и се проценува на приближно 34.500 долари (25.000 фунти).

Следува синиот Мерцедес-Бенц 350СЛ, кој излезе од производство во 1975 година. Поминал 100.000 милји и е проценет на 24.800 долари (18.000 фунти). Третиот најскап автомобил од овој тип е црниот BMW Серија 6 од 1989 година, кој поминал 107.000 милји. Вреден е околу 22.000 долари (16.000 фунти).

Иако повеќето автомобили имаат мала или никаква историја на сервиси и немаат документи, секој наводно влегол сам во магацинот и теоретски може повторно да се одвезе. Инаку, автомобилите му припаѓаат на непознат бизнисмен, кој од непознати причини со години ги оставил така, заборавени, во складот, а сега сака да ги продаде на аукција.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Ирина Шајк дебитираше на карневалот во Рио и сите ги остави без здив со својот спектакуларен костим!

Ирина Шајк, една од најпознатите и најбараните манекенки во светот, уште еднаш докажа зошт…