Во Хрватска уапсен еден од најопасните хакери на светот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватското министерство за внатрешни работи изјави дека го уапсиле сопственикот на најголемиот нелегален сервис за кибернетички напади, Webstresser.org.

19-годишен Хрват кој беше уапсен од страна на хрватските полициски служби, беше обвинет за кривични дела над компјутерски системи.

Од МВР на Хрватска истакнуваат дека Webstresser.org е најголемиот светски сервис преку кој корисниците можат да ја изнајмат услугата DDoS (Distributed Denial of Service), со што можат да извршат кибернетички напад на интернет страниците низ целиот свет.

Со повеќе од 136.000 регистрирани корисници и четири милиони кибернетички напади до април 2018 година, Webstresser претставуваше најголема закана за клучни онлајн услуги кои ги нудат банките и државните институции.

„Со Webstresser управуваше 19-годишен хрватски државјанин кој беше уапсен на 24 април 2018 година и против него беа поднесени кривични пријави поради оправдани сомненија дека тој извршил тешки кривични дела против компјутерски системи, програми и податоци, за кои се предвидува затворска казна од една до осум години“, беше објавено на вебсајтот на МВР на Хрватска.

Покрај хрватските полицајци, во оперативната акција учествуваа и националните полициски сили на Холандија, Велика Британија, Канада, Србија, Шпанија, Италија и Хонг Конг, кои ги уапсија помагачите и корисниците на DDoS напади. Целата акција беше поддржана од Еуропол.