Во Хрватска падна првата судска казна за портарење и озборување


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во бизарен судски процес кој го водеше Општинскиот суд во Бјеловар, една 56-годишна жена од мала населба во склоп на градот Гарешница беше осудена поради тешко срамотење на своите соседи.

Во четвртокот, 56-годишната Марица беше прогласена за виновна од Општинскиот суд во Бјеловар за тешко срамотење на сопружниците Иван и Ѓурѓица и доби условна парична казна во износ од 5.000 куни (околу 650 евра), која нема да биде извршна ако обвинетата во рок од една година не го повтори стореното дело.

Тужителите Иван и Ѓурѓица, кои живеат во Германија, тужбата против комшивката Марица, со која подолг временски период имале нарушени меѓусебни односи поради нерешени имотно-правни прашања, ја поднеле кон крајот на март, 2013 година.

Во тужбата навеле дека кон крајот на 2012 година, кога од Германија се вратиле во нивната куќа во Гарешница, нивните соседи и роднини ги известиле дека комшивката ги клевети и озборува низ населбата и за нив зборува различни лоши работи. Во склоп на судскиот процес, судот сослуша седум сведоци и изнесе голем број други доказни материјали, за да утврди дека нивната тужба има основа.

Во рамки на судскиот процес, сведоците потврдиле дека Марица во еден наврат, во август, 2012 година, пред нивните соседи и минувачи изјавила дека Иван и Ѓурѓица сосема откачиле, дека се бедни и дека не знаат што прават. Два месеци подоцна, во октомври, во една продавница Марица за нив велела дека изгубиле сè и немаат веќе што да прават во Хрватска и дека можат да се спакуваат и да живеат со децата во Германија.

Во друга прилика, кога Иван и Ѓурѓица купувале храна за кучиња, Марица пред други сведоци со прст покажувала кон нив велејќи дека јадат кучешка храна.

Обвинетата Марица, во својата одбрана, наведе дека не се смета за виновна и дека никогаш не рекла ништо од тоа за кое ја обвинуваат, бидејќи „тие зборови ги нема во нејзиниот речник“ и дека никогаш не ги изговара. Сепак, сведоштвата на сведоците беа доволно убедливи за судот да ја прогласи за виновна. Таа ќе ги сноси судските трошоци што не се воопшто мала сума за плаќање.