Реализиран најдолгиот авионски лет без паузи – еве колку се леташе од Сингапур до Њујорк


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На авионот од првиот лет без паузи на најдолгата комерцијална авионска линија за да прелета од Сингапур до Њујорк му беа потребни 17 часа и 52 минути, пред успешно да слета на њујоршкиот аеродром.

При овој прв револуционерен комерцијален авионски лет, авионот „во еден здив“ прелета над 15.000 километри. Оваа авионска линија Singapore Airlines повторно ја пушти во употреба откако ја укина пред пет години бидејќи не им беше исплатлива.

Авионот од летот SQ22, со 150 патници и 17-член екипаж, слета во Њујор во 05:29 часот по источноамериканско време.

Еден од патниците, Џефри Томас, главен уредник на Airlineratings.com, изјави дека времето брзо поминало и дека немал чувство дека во авион поминал речиси 18 часа. За ВВС тој вели дека летот поминал без тензии и со лесно.

Покрај оваа, другите две најдолги авионски линии на светот се онаа на Qantas меѓу Перт и Лондон, која авионот ја прелета за 17 часа, и на Qatar Airlines меѓу Оукленд и Доха, лет кој трае 17 часа и 30 минути.