Во храм од древната кралица Неита откриени папирус со фамозната „Книга на мртвите“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во храм од древна египетска кралица откриен во Египет, пронајден е папирус од „Книгата на мргвите“ книга која е колекција на акти со цел да ги води мртвите низ подземниот свет.

Поранешниот министер на Египет за антиквитети и познат локален археолог Захи Хавас објави детели од огромното откритие- древниот храм во голема некропола јужно од Каиро.

Хавас пред новинарите изјавил дека тим од архелози го ископале храмот на кралицата Неита, жената на кралот Тети, први крал на Шестата династија која владееле со Египет од 2323 година пред нашата ера до 2150 година п.н.е.

Археолозите во храмот пронашле четири метри долг папирус на кои се текстовите од „Книгата на мртвите“, книга која е колекција на акти кои имаат за цел да ги водат мртвите низ подземниот свет на древниот Египет, пренесе АП.

Бившиот египетски министер воедно истакнал дека се пронајдени и гробни бунари, саркофази и мумии, кои датираат од Новото царство, кое било во Египет , меѓу 1570 година п.н.е. и 1069 година п.н.е.