Во Босна и Херцеговина никна првиот град во кој живеат само Арапи


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Првата населба од затворен тип во БиХ е оградена со висока ограда, има приватно обезбедување, а сите сопственици на куќите се Арапи. Моментално има околу 160 куќи и голем број пропратни содржини со големо езеро во средината, а во тек е изградба на нови куќи.

Овој вистински мал град кој е сместен во Тарчин, сега е уште празен, па на сите кои ќе дојдат во точно одреден термин им е дозволен влез и обиколка на истиот. Но, во текот на летото, кога градот е полн со Арапи, на Босанците не им е дозволен влез во него, освен на оние кои работат како келнери, собарки, обезбедување и слично. Така ќе биде и наредното лето.

„Сопствениците на куќите се Арапи и тие не сакаат да се мешаат со локалното население. Имаат свои обичаи кога станува збор за облекување, однесување, молење и слично, па сакаат никој да не им пречи и да не им се меша во тоа, посматрајќи ги чудно“; вели анонимен извор од Босна.

Токму поради тоа овој град е идеален за нив, бидејќи тука се чувствуваат како дома, само што насекаде ги опкружува зеленило и вода. Овде ќе ги поминуваат летните месеци, во пријатна клима, а потоа се враќаат во татковината.

Соговорникот вели дека куќите се продаваат по цена од 150.000 до 160.000 евра, но дека не се нудат на босанскиот пазар за недвижности, но во Кувајт, од каде е сопственикот на градот, тие не се тргаат од ТВ каналите.