Во Битола осамнаа реклами за апчиња против хомофобија и трансфобија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вчера, 3.2.2020, на битолските рекламни билборди осамнаа неколку реклами за „Хомофобиол“ – „лекот” против хомофобија и трансфобија.

Авторот и нарачателите на овие билборди не се познати, но најверојатно поттикнаа размислување и реакции кај битолчани затоа што два билборди беа уништени уште истиот ден кога беа поставени. Фотографиите се испратени од активисти од Битола, пренесува Гласник.