Home Актуелно Владиниот кабинет на Канада „ќе ве падне на задник“

Владиниот кабинет на Канада „ќе ве падне на задник“

А нема што да ве паѓа на задник, таков си е каков што треба да биде секој нормален владин кабинет – вистинскиот човек со вистинската струка на вистинското место. Одиме со пописот.

Министерот за здравство е лекар.

Министерот за транспорт е астронаут.

Министерот за национална безбедност е индиски воен ветеран.

Министерот за млади е на возраст под 45 години.

Министерот за земјоделие и земјоделски производи е бивш фармер.

Министерот за јавна безбедност и вонредни состојби е извидник.

Министерот за иновации, наука и економски развој е некогашен финансиски аналитичар.

Министерот за финансии е успешен бизнисмен.

Министерот за правда беше државен јавен обвинител и лидер на First Nations (канадски Абориџини).

Министерот за спорт, како и за лица со посебни потреби е параолимпиец со оштетен вид.

Министерот за риболов, океани и канадска крајбрежна стража е Инуит.

Министерот за наука е медицински географ со докторска титула.

Министерот за имиграција, државјанство и бегалци беше критичар за имигрантски работи.

Во кабинетот има и многу научници, а истиот вкупно го сочинуваат 50% жени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…