Влада Урошевиќ свечено го доби „Златниот венец„ на Струшките вечери на поезијата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На македонскиот поет Влада Урошевиќ синоќа и свечено му беше врачен „Златниот венец“ со што тој и официјално стана годинашен лауреат на Струшките вечери на поезијата. Добитник на наградата „Мостови на Струга“, за најдобро дебитантско дело, е Гевин Бредли од Северна Ирска. Наградата „Браќа Миладиновци“, пак, му беше врачена на Димитар Башевски.

Од Националната установа соопштија дека вечерта била заокружена со интернационалното читање „Мостови“.

„Настапија бројни странски и домашни автори. Читањето беше прекинато поради дождот, меѓутоа за кратко време поетите се вратија на сцената“, соопштија од Струшките вечери на поезијата.

„Струшки вечери на поезијата“ (СВП), годинава се одржаа од 24 до 28 август под мотото „Чувствотворен јазик“. Настапија повеќе од 25 странски и 40 домашни поети од различни генерации.

„Во рамки на програмата во катедралната црква ‘Св. Софија’ во Охрид се одржа поетски портрет на лауреатот на наградата „Златен венец“, Влада Урошевиќ.

На истата локација се одржа и свечен настан по повод јубилејот – 100 години од раѓањето на поетот Ацо Шопов, чие чествување се одбележа и со изложба на фотографии поврзани со неговото учество на „Струшките вечери на поезијата“ и неговиот придонес за основањето и развојот на фестивалот“, соопштија од СВП.

Утре е последниот фестивалски ден. Ќе биде одбележан со поетско читање „Поезија на пат“, во Домот на културата „Наум Наумовски Борче“ во Крушево. Фестивалот официјално ќе заврши со Меѓународен поетски митинг пред Музејот на современа уметност во Скопје.