Вкусни топчиња од компири и грашок


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вкусен додаток за главното јадење (а може да се јаде и самиот тој како главно јадење со салата) кој лесно се приготвува.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 компири
2 шолји грашок
малку сечкан копар
2 лажици пченкарно брашно
1 лажица пченично брашно
сол
масло
црвена пипер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Компирите излупете ги и исечете ги на коцки па згответе со грашокот во солена вода.
Обварениот зеленчук исцедете го и испасирајте го, додајте копар (или други зачински билки), по 1 лажица пченкарно и пченично брашно па посолете.
Сè соединете па со дланки формирајте топчиња со големина на орев.
Топчињата извалкајте ги во мешавина од пченкарно брашно и црвена пипер и пржете во врело масло додека не поруменат.