Свет

Биткоинот со изненадувачки раст од преку 15%

Во текот на денот Биткоинот имаше раст во вредност од 17%, што во превод би значело раст на Биткоинот од околу 6850 долари на преку 8000 долари. Ова претставува изненадувачки раст, со оглед на тоа дека во изминатиот период, Биткоинот во суштина паѓаше или стагнираше во најмала рака.

Моментално, цената на Биткоин изнеесува околу 7700 долари. Точната причина за ова зголемување не е позната, иако некои експерти сугерираат зголемување на купувањето на криптовалутата во изминатите месеци.

Некои аналитичари истакнуваат дека неодамнешниот пад на Биткоинот бил само привремен, а причината се препишува на стравот од тоа дека криптовалутата е ризична.

Во текот на дено, најголемиот број на криптовалутата доживеа раст, а ова вклучува и Биткоин Кеш, Лајткоин, Етереум и Рипл. Оваа промена на вредноста не гарантира дека Биткоинот и останатите дигитални валути ќе продолжат да растат во следниот период. Тоа особено се однесува на Биткоинот, кој и натаму е далеку од својата најголема вредност од оваа година – изминатиот месец конкретно вредеше преку 9000 долари.

Advertisements
To Top