Виц: Запали ги


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Човек кај психијатар, веќе два часа си ги раскажува маките. Кажува како шефот на работа го вади од контакт, како го нервира мајката на неговата сопруга, како го зафркава продавачот од локалната продавница… Сесијата веќе завршува и доаѓа делот каде психијатрот треба да му даде терапија.

-Вака ќе направиш. Ќе земеш, ќе напишиш писма за сите кои што те нервираат. Потоа, ќе ги запалиш.

-И велиш, тоа ќе помогне докторе?

-Да да, секако. Досега многу пати е докажано дека ова одлично функционира.

-Во ред докторе, тогаш ќе го направам тоа. Само… не ми кажавте што да правам со писмата?