Виц: Трамп, Макрон и Пендаровски во пеколот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Макрон, Трамп и Пендаровски заедно отишле директно во пеколот.
По некое време, Макрон вели:
– Ми недостасува Франција. Сакам да се јавам и да видам што прават сите луѓе таму.
Завртил, разговарал 5 минути и го прашал Ѓаволот колку должи.
– Пет милиони фунти, рекол тој, Макрон напишала чек и му го дал.
По некое време, Трамп станал љубоморен и почнал да вреска:
– Сега јас сум на ред! Да завртам во Америка и да ги прашам сите како живеат без мене!
Завртил, муабетел 2 минути, прашал колку потрошил, Ѓаволот му рекол 10 милиони долари, овој напишал чек и се смирил.
Пендаровски станал уште пољубоморен и државнички извикал:
– И јас сакам! Сакам да видам што прават луѓето во Македонија! Сакам да разговарам со сите! Со мојот кабинет, ма со сите!
Завртил во Македонија, зборел, зборел, зборел… го фатило 2 саата муабет. Конечно спуштил и прашал:
– Колку должам?
– Десет денари, рекол Ѓаволот.
– Како тоа 10 денари? – се збунил Стево. Овие разговараа само неколку минути па платија еден тон пари а јас за два саата само 10 денари?
– Знаеш, кога вртиш од еден пекол во друг, тоа ти е локал, нема роаминг.