Јанакиески поради здравствени проблеми пренесен во болница, па вратен во Шутка


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бившиот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој се наоѓа во притвор и каде штрајкува со глад, со болки во бубрезите синоќа бил однесен на преглед во болницата „8 Септември”, а подоцна бил вратен во Шутка.

Јанакиески во Ургентниот центар на болницата бил примен околу 19 часот и веднаш му биле направени лабораториски анализи, ехо преглед, снимање и бил прегедан од лекар. Откако добил терапија, затворската полиција повторно го вратила во затворот во Шутка.

Јанакиески денеска беше спроведен во Кривичниот суд на судењето за случајот „Талир”.