Доаѓа студент на предавања и седнува до професорот. Професорот вели:
– Птиците и свињите не можат да седат на едно место.
Студентот:
– Тогаш јас ќе одлетам.
Професорот се изнервирал и решил да не го пушта да го положи испитот.
Доаѓа време за испит. Студентот оди и одговара за 10-ка. Професорот му поставува прашање:
– Одиш по улица и гледаш две торби, во едната има памет а во другата пари, која ќе ја земеш?
– Парите, професоре.
– Јас би го зел паметот, да сум на твое место. – рекол професорот.
– Кој што нема, тоа ќе земе. – му одговара студентот.
Професорот нервозно му го зел индексот и во него напишал ГОВЕДО.
Студентот го зел индексот и излегол. Влегува по 2 минути и вели:
– Извинете професоре, овде само сте се потпишале а не сте ми ставиле оцена.
-
Виц: Изнервиран петел
Шета петелот низ дворот и кога низ прозорецот од кујната во куќата гледа кокошка како се п… -
Виц: Бабата со пушка и таксистот
Баба со пушка во раката влегува во такси. Таксистот зачудено ја гледа и ја прашува: Зошто … -
Виц: Забелешка за психијатрите
Го прашуваат некој Македонец за лекарите во Македонија – какви се, дали се добри. То…
Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.
Check Also
Виц: Изнервиран петел
Шета петелот низ дворот и кога низ прозорецот од кујната во куќата гледа кокошка како се п…