Од Инстаграм разочарани што третата најплатена личност на светот ја избришала Инстаграм апликацијата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако Селена Гомез соопшти дека ја избришала Инстаграм апликацијата од својот мобилен телефон, бидејќи смета дека социјалните мрежи се лоши за младите луѓе, шефот на Инстаграм, Адам Мосери, изрази големо разочарување што третата најплатена личност на светот се откажала од нивната апликација.

Гомез неодамна изјави дека се повлекува од социјалните мрежи бидејќи го нарушуваат нејзиното ментално здравје.

„Многу време поминував на Инстаграм со моите пријатели, но мислам дека тоа стана нездраво за сите млади луѓе, вклучително и јас, што поминуваме толку време фокусирани на сите тие коментари и сето друго што се наоѓа таму. Тоа во голема мера ми влијаеше мене и ме правеше депресивна. Се чувствував незадоволна и поинаку се гледав себеси и многу други ствари. Поради тоа веќе немам Инстаграм на својот телефон. Го имам на туѓи телефони и кога ќе почувствувам дека треба да споделам нешто со своите обожаватели, тоа го правам преку телефоните од другите“, вели Гомез.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adam Mosseri (@mosseri) on

Мосери истакна дека бил разочаран слушајќи ја младата пејачка и актерка.

„Не би го споредувал искуството на Селена Гомез на платформата со она што би можело да биде мое или ваше искуство. Таа има над сто милиони следбеници на Инстаграм. Не сакаме луѓето да се чувствуваат депресивно на нашата платформа, но не можеме да ги запреме другите да коментираат подли работи“, изјави Мосери.

Кога станува збор за случајот со Селена Гомез, шефот на Инстаграм нагласи дека популарната платформа мора да се погрижи луѓето како неа да не ги депримира времето кое го поминуваат на оваа социјална мрежа.

„Меѓутоа, алатките кои треба да ги развиеме за 15-годишни момчиња или 14-годишни девојчиња се доста различни. Би сакале да чуеме од Гомез за тоа како Инстаграм може да се подобри. Ние сакаме критики и сакаме да разговараме“, додаде Мосери.