Виц со поука: Коњушарот и кралицата со бујните гради

Во едно далечно кралство живеела една кралица со големи, бујни гради, која била најубавата жена во целото кралство. Во шталите на кралицата имало едно коњушарче кое имало еден единствен сон – да ги бакнува сочните гради на кралицата. Тоа му било во паметот кога ја гледал, за тоа сонувал кога спиел. Еден ден го споделил својот сон со кралскиот лекар. Овој го ислушал, се почешал по брадата и рекол:
– Знаеш ли дека може да биде! Имам една идеја, но ќе треба да ми платиш.
– Добро – се согласило коњушарчето.
Истата вечер лекарот ставил иритирачки прав во градникот на кралицата, додека таа се капела. Излегува кралицата, го става градникот и по 5 минути почнува пеколен јадеж. Му се пожалила кралицата на кралот, а тој веднаш го викнал кралскиот лекар. По неколку минути тој веќе ја прегледал кралицата.
– Дааа, дааа! Ова е многу ретка болест која се лекува само и единствено на еден начин! Ни треба некој со многу ретка крвна група ‘ЏМ’, четири часа да ги лиже градите на нашата преубава кралица.
– Ах! -извикал кралот. Познаваш ли некој со таква крвна група?
– Пааа, кој, кој… коњушарчето е со таква крвна група.
Го повикале коњушарчето и кралот му рекол дека ако спомене некому за ова, ќе го набие на кол.
– Молчам како гроб! – рекло коњушарчето.
Во следните 4 часа си го направило најголемиот ќеф во животот.
Следното утро лекарот оди кај коњушарчето.
– Јас го исполнив мојот дел од договорот! Време е да ми платиш!
– Бегај оттука бе абдал! Ако се разбере за ова и двајцата ќе не набијат на кол! Ништо нема да ти дадам, па ти оди жали се некаде ако смееш!
И му ја треснал вратата.
Следниот ден пак некој чука на вратата на коњушарчето. Отвора и гледа лекарот со двајца стражари.
– Здраво, пријателе! Има наредба веднаш да се јавиш во кралскиот дворец! Погоди кого го чеша „Стојко“…

Поука: Не забивајте му нож во грб на оној кој ви помогнал да си го остварите сонот.