Виц: Шарко ќе остане


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Во дворот на една селска куќа седат петелот, мачорот и кучето. Петелот вели:
– Доста ми е од сè. Утре ве будам за последен пат и си го фаќам патот. Кокошки повеќе нема, храна нема… нема зошто да седам повеќе јас овде.
Мачорот:
– И мене ми е доста од сè. Газдите ја продадоа кравата, ни млеко има ни сирење. Ни за мене нема живот повеќе овде. И јас утре си го фаќам патот.
Кучето ги гледа и срамежливо вели:
– Јас ќе останам уште една недела…
– Зошто? – прашуваат мачорот и петелот.
– Па вчера ја служнав газдарицата како му вели на газдата: „Ако и следнава недела не донесеш плата, ќе му го лапаме на Шарко“. Е па јас си велам да почекам.