Виц: Новиот џип од попот

Поп купува нов џип и го паркира пред куќата. Ноќта се прибира комшијата пијан, го гледа џипот, чита на него 4х4, ги вади клучевите од џебот и допишува: 4х4=16. Сабајлето попот го гледа џипот, пцуе сé живо и диво и го носи кај автолакер за да го замачка изгребаното.

Утредента истата приказна: Си доаѓа комшијата и повторно допишува: 4х4=16. Попот пак нервозно пцуе, го носи џипот кај автолакер и му вели: Стави нова боја на овој дел и напиши со украсни букви: 4х4=16.

Автолакерот си ја завршил работата одлично. Го паркира попот џипот пред куќата и легнал да спие. Сабајлето станува и го разгледува џипот. Со убави украсни букви напишано „4х4=16“, а одоздола со клуч изгребано: „Така е!“