Home Вебкафе Шокантно: Наместо тетовирани веѓи, останала без кожа над очите (фото)

Шокантно: Наместо тетовирани веѓи, останала без кожа над очите (фото)

Самохраната мајка, Аманда Коаст од Мелбурн, заврши со сериозна инфекција на лицето, откако отишла во салон за убавина за да направи тетовирани веѓи.

Она што на почетокот изгледало како мало црвенило, за кратко прераснало во медицински кошмар, кој не само што и го нагрди лицето, туку и е мошне болен.

Коаст смета дека инфекцијата поради која остана без кожа, се должи на непрофесионалниот третман во салонот.

-Девојката што работеше на мене, само влегуваше и излегуваше од собата и работеше на други клиенти додека ја правеше мојата тетоважа. Не носеше ракавици, што значи дека ништо не било стерилно, раскажува Аманда.

Кога се јавила во салонот да праша зошто нејзините веѓи започнуваат да изгледаат чудно и рекле дека бојата започнува да избледува.

-Се обидов да објаснам дека започнува да ми паѓа кожата, но девојката и понатаму ми објаснуваше дека тоа е нормален дел од третманот, вели таа.

Од салонот за убавина пак имаат своја верзија на приказната во која клиентката било потполно задоволна од резултатот и само еднаш се јавила затоа што малку изгледала црвено.

По фотографиите кои за кратко станаа вирални и повеќе од очигледно е дека тоа малку во суштина е многу. Затоа Коаст си нашла добар адвокат и планира да го тужи салонот.

Load More Related Articles
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Јапонска работа

Чистење на најточниот и најбрз воз од легендарната јапонска железничка мрежа Шинкансен. На…