Home Мајтап Виц: Каде растат бананите

Виц: Каде растат бананите

Две другарчиња се расправаат во последна клупа на школо. Ги чул наставникот и тропа на маса:

Ајде, тишина таму! Што е тоа расправија среде час?

Наставниче, тој вели дека бананите растат под земја, јас му тврдам дека растат на грмушка.

Молчете таму, и двајцата не сте во право. Бананите растат на дрво.

А бе, ти реков дека има некој мајмун што сигурно точно знае каде растат.

Load More Related Articles
Load More In Мајтап
Comments are closed.

Check Also

Виц: Изнервиран петел

Шета петелот низ дворот и кога низ прозорецот од кујната во куќата гледа кокошка како се п…