Home Спорт Американците му врачија отказ на Клинсман

Американците му врачија отказ на Клинсман

Јирген Клинсман повеќе не е селектор на репрезентацијата на САД, откако поради двата порази во квалификациите за пласман на Мундијалот Фудбалската федерација на оваа земја реши да му врачи отказ.

Јирген Клинсман со САД, главната фаза во КОНКАКАФ зоната за пласман на Мундијалот, ја започна со два порази, па поради тоа Федерацијата му врачи отказ.

САД на стартот од квалификациите загуби од Мексико и Костарика со што го компромитира својот пласман на СП во Русија. Во оваа квалификациска фаза во КОНКАКАФ зоната учествуваат шест репрезентации, првите три ќе изборат директен пласман на Мундијалот, а четвртопласираната репрезентација ќе игра бараж против петтопласираната селекција од азиските квалификации.

Инаку, САД во минатото коло загубија од Костарика 0-4, што преставува најтежок пораз на оваа репрезентација во последните 36 години.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…