Мајтап

Виц: Директорот и секретарката на службено патување

Директорот патува со автомобил со неговата згодна секретарка. По патот им се расипал автомобилот. Директорот си мисли:
Јас сега, како директор, можам да викнам помош на патот и на брзина да ми ја средат колата. Но како маж треба да се покажам пред секретарката и сам да си го поправам дефектот.
Слегува тој и легнал под колата да ја поправа. Секретарката седи и си мисли:
Јас како жена, можам да му го гледам сеирот на овој, но како негова секретарка треба да одам и да му помогнам.
И таа слегува и легнува под автомобилот заедно со директорот. По 2 часа по патот поминува полицаец. И тој си мисли:
Сега, мене како обичен граѓанин, не ме интересира што прават овие двајцата. Но, како полицаец сум должен да им кажам дека уште пред 1 час им ја украдоа колата.

To Top