Виц: Чекај да се разбереме


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Запира сообраќаец еден возач кој возел над дозволената брзина, па возачов му вели:

Друже, пред да почнеш да пишуваш казна, почекај да се разбереме.

Ќе се разбереме, ама во станица, кога ќе те пикнам зад решетки и ќе го чекаш командирот, па со него разбирајте се.

Ама чекај…

Тишина! Нема чекај! Тргнувај в комбе!

Го носи во притвор, па по некое време го посетува во ќелијата и му вели на возачот:

Имаш среќа што командирот вечерва прави свадба, ја мажи ќерка му, па ќе дојде расположен сабајле.

А возачот:

Надевај се така ти, јас сум зетот што требаше да е на таа свадбата вечерва.