Home Актуелно ВИДЕО: За раководител од „Македонија пат“ возачите се виновни што патиштата се затрупани со снег

ВИДЕО: За раководител од „Македонија пат“ возачите се виновни што патиштата се затрупани со снег

„Македонија Пат“ наместо да преземе одговорност за катастрофалната состојба во која се најдоа патиштата во текот на вчерашниот ден, кога речиси сите патни правци низ државата, без исклучок, беа под метарска обвивка од снег која предизвика низа на сообраќајни нecpeќи, излетани автомобили и отсечени населени места, ги oбвини возачите, пишува порталот Курир.

Колку и да звучи неверојатно, винaтa за блокираните патни правци низ Македонија поради врнежите од снег, раководителот во „Македонија пат“ ја најде кај возачите.

-Сообраќајот го чинат три чинители, а се анализира само состојбата на патот. Забелешката наша е што треба да се направи анализа и на постојните возила кои се наоѓаат на патот и возачите на истите. Од долгогодишното искуство имаме сознанија и чести појави на управување на моторни возила под дејство на aлxoxoл, управување без возачка дозвола, нeпoчитувaњe на сообраќајните правила и поставената сообраќајна сигнализација, а во делот на состојбата на возилата посебно тешкиот товарен сообраќај сведоци сме на непоседување на соодветни пневматици, рече раководителот на подружница Автопат, Македонија пат, Борче Сарџовски за Сител.

https://www.facebook.com/zoran.risteski.754/videos/10215768440916735/

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Допамин мени: ТикТок тренд што секој ден го претвора во твоја лична „мини доза среќа“

На TikTok трендовите се појавуваат побрзо од инстант кафе, но овој нов вирален хит нависти…