Home Актуелно И Касандра против Мадуро: Кораима Торес застана зад самопрогласениот претседател, еве што порача!

И Касандра против Мадуро: Кораима Торес застана зад самопрогласениот претседател, еве што порача!

Состојбата во Венецуела каде претседателот на парламентот Хуан Гваидо се прогласи за претседател наместо актуелниот шеф на државата Николас Мадуро, се заканува дека ќе излезе од контрола.

Додека бројот на жртвите на улиците расте, каде беснеат протести, почнаа и познатите личности од оваа земја да се вклучуваат во драматичните настани, во кои досега животот го загубија најмалку 26 лица.

Така зад Гваидо, а против Мадуро застана и актерката Кораима Торес, која стекна светска слава глумејќи во сапунската опера „Касандра“. Оваа ѕвезда во екот на својата слава во 90-тите години го посети и Скопје.

Инаку таа на Инстаграм постави фотографија со натпис: „Слободна Венецуела“, алудирајќи на датумот кога Гваидо себеси се прогласи за претседател и додаде:

„Без оглед на тоа каде и да се Венецуелците, сите сме здружени за 23.јануари 2019 година“.

Инаку, опозицискиот лидер Гваидо вчера рече дека ќе ја разгледа амнестијата за Мадуро и неговите соработници ако помогнат во Венецуела да се врати демократијата.

Извор: Сител

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Горан Богдан ѝ се врати на старата љубов! Јована и бебето останаа сами

Детето на Горан Богдан и Јована Стоиликовиќ долго беше посакувано Детето на Горан Богдан и…