Home Актуелно Касами за „Ора Њус“: Заев прифати албанското прашање во Македонија да продолжи да биде отворено

Касами за „Ора Њус“: Заев прифати албанското прашање во Македонија да продолжи да биде отворено

Претседателот на Движењето Беса во Македонија, Билал Касами, зборуваше во „Ора Њус“ за преговорите со премиерот Зоран Заев, за гласање на уставните измени.

Албанскиот политичар од Македонија рече дека албанското прашање во Македонија сè уште не е затворено, и нема да се затвори сѐ додека Албанците не рамноправни со Македонците. Касами вели дека ова е прифатено и од самиот премиер Заев.

Прашање: Ги преплавивте порталите поради преговорите со премиерот Зоран Заев. Што се обидовте да преговарате во овој договор за да гласате за уставните измени и дали вашата стратегија беше успешна?

Билал Касами: Тоа не беше битка на Движењето Беса, тоа беше битка за албанското прашање во Македонија. Албанското прашање во Македонија и понатаму останува отворено и покрај фактот што некои албански партии во владата за да ги бранат своите позиции го прогласија албанското прашање за затворено. Ова се обидоа да го кажат и од Вашингтон, но ние успеавме да постигнеме договор со владата за ова прашање да остане отворено и понатаму се решава. Високи претставници на Демократската унија за интеграција во Владата на Зоран Заев веднаш по нашата посета на Стејт департментот, каде што ја изразивме нашата загриженост дека албанското прашање во Македонија не треба да се затвори бидејќи Албанците не се рамноправни со Македонците. Албанците овде се третираат како малцинство, иако се најважниот дел македонската држава, после Македонците ние сме мнозинство во Македонија и како такви ги бараме нашите права да бидеме третирани како уставотворен народ и народ кој е основач на оваа држава. Значи, изјавија дека со половичното решение на прашањето за албанскиот јазик албанското прашање повеќе не постои. Се додека албанскиот јазик не влезе во Уставот, како еднаков на македонскиот јазик, се додека Албанците не се споменуваат во Уставот на Македонија како рамноправни граѓани и како државотворен народ на Македонија, албанското прашање ќе продолжи да биде отворено. Ова го прифати и премиерот Зоран Заев во документот потпишан со Движењето Беса.

https://www.facebook.com/Ora.News.RTV/videos/342966519891479/

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

КПХФВ: Уличниот стил во Копенхаген ја обликуваше и обои радоста

Вистина е дека, со целиот хип околу Париската недела на висока мода, Копенхаген можеби ост…