Home Актуелно ВИДЕО: Владината делегација исвиркана во Крушево

ВИДЕО: Владината делегација исвиркана во Крушево

Договорот со Грција очигледно создаде голем револт кај добар дел од народот кој го покажа тоа во Крушево. Кога поминуваше владината делегација заедно со дел од дипломатскиот кор, голем број граѓани ги опсипаа со свирежи и погрдни зборови.

Според Фокус, владината делегација на Мечкин камен во Крушево била нападната со пластични шишиња и чаши од навивачките групи кои присуствуваа на денешната прослава по повод Денот на Републиката. По завршување на манифестацијата насилната група тргнала кон претставниците на Владата, но била спречена да им се доближи од полициското обезбедување, велат за Фокус очевидци. Сепак фрлале кон нив предмети што ги имале во рацете при тоа извикувајќи пцовки и навреди како изроди, предавници.

На Мечкин Камен денеска присуствуваше владина делегација составена од вицепремиерот Кочо Анѓушев, министрите за транспорт и врски, информатичко општество и администрација, локална самоуправа и за здравство, Горан Сугарески, Дамјан Манчевски, Сухејл Фазлиу и Венко Филипче.

Погледнете:

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/1664835643639279/

Видео: Инфомакс

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…