Home Спорт Видео: Вестбрук не запира со „трипл-дабл“

Видео: Вестбрук не запира со „трипл-дабл“

Расел Вестбрук продолжува со извонредните партии, откако со нов трипл-дабл ја предводеше Оклахома до победа над Вашингтон со 126:115.

Ѕвездата на Оклахома против Вашингтон забележа нов трипл-дабл, четврти во низа и деветти оваа сезона.

Со 35 поени, 14 скокови и 11 асистенции тој ги предводеше „Громовите“ до победа над Вашингтон по продолженијата од 126-115.

Сан Антонио веднаш се врати на победничките патеки, на гостувањето кај Далас славеше со 94:87 во одличната партија на Пети Милс, кој постигна со 23 поени.

Резултати:
Бостон – Детроит 114:121
Торонто – Мемфис 120:105
Чикаго – ЛА Лејкерс 90:96
Минесота – Њујорк 104:106
Оклахома – Вашингтон 126:115 (прод.)
Далас – Сан Антонио 87:94
Денвер – Мајами 98:106
Феникс – Атланта 109:107
Портланд – Индијана 131:109

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…