Видео: Роналдо бесен на Зидан – зошто јас по ѓаволите!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид вчера оствари многу важна победа на гостувањето кај Атлетик Билбао, а натпреварот го одбележа нервозната реакција на Кристиано Роналдо.

Ѕвездата на Реал Мадрид, Роналдо не остана воопшто задоволен од одлуката на тренерот Зидан да го замени во 78-та минута од натпреварот.

Носителот на „Златната топка“ го поздрави Зидан, но потоа беше фатен од камерите како вика кон клупата: „Зошто јас, по ѓаволите?“.

„Го внесов во игра Иско затоа што сакав средниот ред да го контролира натпреварот до крајот и да внесе смиреност во нашата игра. Роналдо има статус како и секој друг играч во тимот, и може да биде заменет кога јас ќе одлучам во секое време. Може да кажам дека беше среќен по натпреварот затоа што освоивме нови три бода“, изјави Зидан.