Home Актуелно Видео: Монте Карло под блокада: Вооружен грабеж на холивудски начин

Видео: Монте Карло под блокада: Вооружен грабеж на холивудски начин

Престрелка во Монте Карло. Вооружени ограбувачи нападнаа продавница за накит од брендот Cartier. За да го одвлечат вниманието на властите, криминалците запалија огромен пожар кој се наоѓа во близина тунелот.

Најмалку еден од ограбувачи е повреден во престрелката со полицијата.
Грабежот наликувал на холивудски акционен филм. Стотици туристи ја гледаа со ужас акцијата на криминалната банда, која го подметна пожарот во тунелот, познат по тоа што низ него поминуваат болидите од светската трка за „Формула 1”.

Додека спасувачките служби се обидуваа да го изгаснат огнот, најмалку тројца ограбувачи влегле во продавницата, лоцирана на светски познатиот плоштад на казина и избегале со огромен плен. Само пред две години, во мај 2015 година бутикот за накит на Cartier во францускиот град Кан беше нападнат од разбојници, кои успеаја да се офајдат со драгоцености вредни над 15 милиони фунти.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…