Видео: Мичел го имитираше Картер и е нов шампион во забивања


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Донован Мичел е победник во натпреварувањето во забивање на „Ол Старот“ во Лос Анџелес.

Мичел од Јута Џез, иако има само 192 сантиметри, ја воодушеви публиката со своите атрактивни потези.

Особено беше атрактивно последно забивање, кога го облече дресот на легендата Винс Кантер и го повтори неговото забивање од пред 18 години.

Како втор заврши Лери Ненс Јуниор, кој му оддаде признание на својот татко, Лери Ненс Сениор, победникот на првиот натпревар во забивање во 1984 година. Во првата рунта го носеше дресот на неговиот татко од 1984 и го изведе забивањето кое тогаш му ја донесе титулата.