Починаа сите 66 патници од авионската несреќа во Иран


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во авионската несреќа во Иран, загинаа сите 66 лица, вклучувајќи ги патниците и екипажот.

„Откако ја пребаравме областа, за жал откривме дека загинале сите патници“, соопшти Мохамед Табатабај, директор на одделот на Односи со јавноста на „Асеман ерлајнс“, во чијашто сопственост е урнатиот авион.

Очевидците виделе како авионот се обидува вонредно да слета во рурална област. Нема првични информации, во прилог на тоа, кои би можеле да бидат причините за падот на леталото.