Видео: Левел погоре – коментатор „влезе“ на терен за да објасни ситуација од НБА


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„TNT“ утрово отиде чекор подалеку во анализата на натпреварите.

Револуцијата ја започна поранешниот НБА кошаркар Кени Смит, човекот кој стигна две шампионски титули со Хјустон.

Тој на гледачите им објаснуваше како Виктор Оладипо решил еден напад на Индијана иако пред себе го имал Леброн Џејмс, пишува Спортски.мк.

Смит отиде позади екранот и благодарение на технологијата „влезе“ на теренот и објасни како Леброн се одлучил да се дистанцира за да го затвори продорот до самиот кош и како Оладипо поради повлекувањето на „кралот“ се одлучил на шут за три.

Погледнете…