Видео: Леброн не може сам, Кливленд поразен дома!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Финалистот во НБА лигата во последните три сезони, Кливленд го започна со пораз учеството во овогодинешните плејоф. Леброн Џејмс и компанија загубија со 80:98 од Индијана на домашен терен.

Кливленд немаше решение за одбраната на Индијана и брилијантниот Виктор Оладипо кој со 32 поени, шест скока и по четири асистенции и украдени топки го предводеше својот тим.

Леброн Џејмс не разочара и беше предводник на тимот на Кавалирс. Тој забележа трипл-дабл со 24 поени, 10 скока и 12 асистенции, но ниту тоа не беше доволно за да се избегне пораз.

Останати резултати:
Бостон – Милвоки 113:107 (продолженија)
Оклахома – Јута Џез 116:108
Хјустон – Минесота 104:101