Видео: Хјустон го нокаутира шампионот!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кошаркарите на Хјустон одиграа одличен натпревар и по 116:108 ја прекинаа серијата на шампионите Голден Стејт од 14 последователни победи како гостин.

Џејмс Харден се врати во тимот по повредата постигна 22 поени и го запре Стеф Кари во одбаната. Диригент во играта на Хјустон беше Крис Пол кој мечот го заврши со 33 поени. Кај актуелниот НБА шампион, Кевин Дурант натпреварот го заврши со 26 поени.

Мајами во возбудлив дуел славеше победа против Шарлот со 105-106, а најзаслужен за триумфот е Џејмс Џонсон, кој во последната минута постигна пет клучни поени. Њу Орлеанс носен од Дејвис (25 поени) и Казинс (21 поен) го совлада Мемфис со 111-104.

Резултати:
Атланта – Чикаго 97: 113
Њу Орлеанс – Мемфис 111: 104
Шарлот – Мајами 105: 106
Филаделфија – Милвоки 116: 94
Јута – ЛА Клиперс 125: 113
Минесота – Торонто 115: 109
Портланд – Далас 117: 108.