Агентот пристигна во Мадрид, Перез спрема светски рекорд


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Реал Мадрид оваа сезона игра под сите очекувања и заостанува 19 бода зад Барселона, па јасно е дека следното лето ќе има голема реконструкција на „Сантиаго Бернабеу“.

Претседателот Флорентино Перез спрема неколку големи трансфери, а шпанските медиуми пренесуваат дека агентот на Мохамед Салах бил во Мадрид и имал средба со претседателот на „кралевите“.

Медиумите блиски до Реал Мадрид тврдат дека Салах би требало да биде замена за Герет Бејл кој сигурно ќе го напушти „Бернабеу“, но не и единствена ѕвезда која треба да ги засили „кралевите“.

Имено, најголемата желба на Перез е Нејмар, за кого е спремен да го сруши светскиот трансфер рекорд и да го донесе во Мадрид. Доколку не успее да го убеди ПСЖ да го пушти Бразилецот, ќе се насочи кон Хари Кејн, што иста така не е лесна мисија.

Раководството на Тотенхем за потписот на напаѓачот бара 200 милиони евра, па останува да видиме дали Реал е спремен да ја плати таа сума.

Расплет на целата ситуација не очекува на лето, Бејл и Бензема сигурно ќе го напуштат клубот, а иднината на Кристиано Роналдо е неизвесна.