Видео: Хамес беснееше, еве што му порача Зидан!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид оствари значања победа на гостувањето против Леганес, иако Зидан играше со комбиниран тим и ги одмараше Роналдо, Бензема и Бејл.

Хамес Родригез го постигна првиот гол, но потоа беше заменет во 72-та минута, а Колумбиецот не го прифати тоа најдобро и почнаа да негодува на клупата.

„Совршено ја разбирам реакцијата на Хамес бидејќи секој сака да го игра целиот меч, но морам да правам замени. Се ближи крајот на сезоната и секој натпревар е поинаков. Мораме да размислуваме за она што следи. Имам на располагање одлична група на фудбалери и потребни ми се сите 24 фудбалери бидејќи сакаме да освојуваме трофеи“, објасни Зидан и додаде:

„Такви работи се случуваат. Хамес играше добро и задоволен сум од тоа, немам ништо против него, напротив. Вистина е дека не поминува долго време на теренот, но вредно работи. Разбирам дека се изнервира, но тој е многу важен играч за нас“, заклучи Зизу.