Сурова реалност: Мурињо најлош менаџер на Јунајтед во последните 4 децении!

LONDON, ENGLAND - FEBRUARY 26: Manchester United celebrate victory with the trophy after during the EFL Cup Final between Manchester United and Southampton at Wembley Stadium on February 26, 2017 in London, England. Manchester United beat Southampton 3-2. (Photo by Alex Livesey/Getty Images)

Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед со ремито протв Евертон ја зголеми низата на непобедливост на 20 натпревари. Сепак, од друга страна Жозе Мурињо запиша негативен рекорд со „црвените ѓаволи“.

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се наоѓаат на 5-то место во Премиер лигата, па поради тоа надежта за излез во Лигата на шампиони и понатаму е жива.

На мечот против Евертон кој заврши со резултат 1:1, „црвените ѓаволи“ дојдоа до 20-от последователен меч без пораз. Тоа би требало да биде многу доминантно, но само ако се во прашање 50% победи.

Менаџерот Жозе Мурињо со една од најскапите екипи во првенството не успева да направи резултат кој ќе ги задоволи навивачите. Притоа, „Специјалниот“ успеа да собори негативен рекорд стар цели 43 години.

Особено е интересна статистиката на тренерите на Јунајтед на „Олд Трафорд”.

Алекс Фергусон (1986-2013), 72% (добил 370 од 517 натпревари)
Луј ван Гал (2014-2016), 68% (26 од 38)
Рон Еткинсон (1981-1986), 58% (65 од 112)
Томи Доерти (1972-1977), 55% (40 од 73)
Дејв Секстон (1977-1981), 52% (44 од 84)
Дејвид Мојс (2013-14), 44% (7 од 16)
Жозе Мурињо (2016-17), 37,5% успешност (добил шест од 16 натпревари дома)

Овие податоци говорат дека Мурињо е најлошиот тренер на Манчестер Јунајтед на домашен терен уште од далечната 1973/74, со нешто преку 37% успешност.

Сепак, голема шанса да ја заврши сезоната со трофеј и да избори пласман во ЛШ ќе има преку Лига Европа каде за полуфинале ќе игра против Андерлехт.