Home Спорт Конечно: Македонија „скокна“ 33 места на ФИФА ранг листата!

Конечно: Македонија „скокна“ 33 места на ФИФА ранг листата!

Македонската фудбалска репрезентација на новата ФИФА ранг листа напредуваше за неверојатни 33 места и од денес нашиот национален тим се наоѓа на 133-то место на светот.

Такво нешто беше за очекување со оглед на двете победи против Лихтенштајн и Белорусија, нашата репрезентација според прогресот на листата е најдобра репрезентација со огромен напредок.

Месец април исто така донесе и промена на врвот, Бразил по седум години пауза се најде на чело на ФИФА ранкг листа и го симна од тронот лутиот ривал Аргентина, а во Топ 10 се уште Германија, Чиле, Колумбија, Франција, Белгија, Португалија, Швајцарија и Шпанија.

Најголем пад во првите 10 има Белгија која од петтото место падна на седмото, а меѓу првите 10 влезе репрезентацијата на Швајцарија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…