ВИДЕО: Фудбалерите на Звезда вчера добија аплаузи и од навивачите на Ливерпул


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Црвена Звезда вчера во рамките од четврото коло во Лигата на шампионите приредија вистинска сензација совладувајќи го актуелниот вицешампион на Европа, Ливерпул.

Тешко дека некој очекуваше дека Звезда може нешто да направи против англискиот гигант, но Милан Павков со двата гола во првото полувреме обезбеди голема победа за српскиот клуб.

Фудбалерите на Звезда одиграа навистина херојски, а доказ за тоа се и аплаузите кои ги добија од навивачите на Ливерпул.

Во моментите кога трчаа почесен круг за да ја прослават победата со своите навивачи, фудбалерите на српскиот клуб поминаа и покрај гостинските навивачи кои ги наградија со аплазу.